Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Градежни активности за ново стрелиште во касарната Илинден: Се подобруваат условите за работа на полицијата

Денеска директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски и началникот на Одделот за специјални полициски операции Бранко Трајановски извршија увид во градежните активности на стрелиштето во касарната Илинден. Министерството за внатрешни работи во соработка со Армијата на Република Северна Македонија отпочна со активности за изградба и опремување на стрелиште во касарната Илинден во која се наоѓа и базата на Единицата за специјални задачи на МВР.

Со реализацијата на овој проект значително ќе се подобрат условите за работа на припадниците на ЕСЗ и ќе се подигне нивото на нивната подготвеност. Изградбата на стрелиштето е придобивка и од економски аспект, бидејќи Министерството ќе заштеди значителни финансиски средства кои досега беа потребни за секојдневно транспортирање на припадниците до други стрелишта. Покрај ЕСЗ, ова стрелиште ќе го користат и специјалните единици на Армијата на Република Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК