23.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Словачка ја продолжи вонредната состојба уште 45 дена

Словачката влада донесе одлука за продолжување на вонредната состојба уште 45 дена поради сегашната епидемиолошка состојба.

Вонредната состојба беше воведена на 1 октомври и требаше да заврши на 14 ноември, но сега таа ќе биде продолжена, пренесува „Таср“.

Исто така, полицискиот час останува во сила до 14 ноември.

Досега словачката влада прогласи вонредна состојба двапати, прв пат за време на првиот бран од 16 март до 14 јуни и втор пат на 1 октомври.