18.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Јапонски професор: Не знам дали коронавирусот ќе трае со месеци или со години

Поради новото зголемување на бројот на заразени од коронавирус во Јапонија, професорот Хитоши Ошитани од Универзитетот „Тохоку“ ги советува јапонските префектури да преземат мерки во согласност со проценетиот ризик од коронавирус. Рекорден број нови случаи се потврдени во последните 24 часа на островот Хокаидо, а првпат од август во Токио се регистрирани над 300 новозаболени лица.

„Не постои единствено решение за целата земја и затоа предложивме префектурите да воведат мерки засновани на нивните процени на ризик“, рече професорот Ошитани.

Најголемиот број случаи регистрирани во Хокаидо се концентрирани околу населби со ноќни клубови, барови и дискотеки, а во Осака најголем број новозаразени има во домови за стари лица и во болници.

фото Pixabay / илустрација

Со вкупно 108.000 потврдени случаи од почетокот на пандемијата и 1.840 смртни случаи од Ковид-19, Јапонија е на врвот на листата на земји што успешно се справуваат со епидемијата на коронавирусот.

Иако владата во Токио вети дека ќе обезбеди бесплатна вакцинација, професорот Ошитани изрази песимизам во врска со брзото завршување на пандемијата.

„Ќе мора да живееме со вирусот некое време. Не сум сигурен дали се работи за месеци или години“, предупреди Ошитани.