Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Арсовски: Кој е одговорот на Заев и Владата по вчерашниот ултиматум од Софија?

Опозицијата прашува кој е одговорот на премиерот Зоран Заев и Владата по вчерашниот ултиматум од Софија.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека крајно потценувачки и навредувачки се изјавите на бугарскиот министер Каракачанов во однос на Гоце Делчев и историјата на Република Македонија, како и тоа што бугарската страна ѝ дава рокови и ултиматуми на Република Македонија и си поигрува со чувствата на граѓаните. Уште попотценувачки, според ВМРО-ДПМНЕ, и е што сè уште нема реакција од страна на МНР на Република Македонија, како и реакција од Владата за ставовите изнесени од Каракачанов.

„Ги повикаме Владата, Заев, Димитров и сите инволвирани во процесот, јавно да им кажат на граѓаните за што се преговарало во Софија имајќи на ум дека јасно е потенцирано од нивна страна дека стојат цврсто зад нивната декларација изгласана во парламентот минатата година, за кои точки имаат ултиматум да размислуваат до петок и, конечно, да не си поигруваат со судбината на граѓаните поради нивните лажни ветувања што ги давале при преговарање претходно. Затоа, прашуваме дали имаат намера МНР и Владата да реагираат или ќе молчат како и досега?“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција.

Според опозициската партија, единственото решение е влада за национален спас.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +