18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го стави здравствениот систем на колена, барат оставка

Само Венко Филипче може да постигне вакви црни рекорди, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ откако беше објавено дека во изминатите 24 часа починаа 30 лица заразени со ковид 19.

„Знае ли Филипче дека по Втората светска војна до денес Македонија не памети толку големи човечки загуби. Македонија се соочува со најголема смртност предизвикана од корона затоа што Филипче здравствениот систем го стави на колена. Филипче како да не знае дека е на функцијата министер за здравство. Филипче како да не знае дека зема плата од пари од народот за да грижи за здравјето на токму тој народ“, стои во партиското соопштение.

Од таму го повторија барањето за оставка на Филипче.

Спонзорирано: