18.8 C
Скопје
9. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАТОП ВЕСТИ

Тажен ден: Рекордни 26 починати и 978 новозаразени од 2.667 тестирани

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2667 тестирања, а регистрирани се 978 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-392, Куманово-51, Дебар-6, Штип-18, Прилеп-29, Тетово-95, Струга-10, Велес-48, Битола-36, Охрид-31, Кавадарци-22, Гостивар-49, Гевгелија-14, Струмица-21, Крива Паланка-8, Радовиш-6, Крушево-2, Кочани-32, Пробиштип-8, Демир Хисар-6, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-9, Валандово-3, Виница-12, Делчево-12, Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-20, Ресен-8, Неготино-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 24 оздравени пациенти од: Скопје-9, Куманово-2, Штип-5, Битола-4, Кавадарци-1, Виница-1, Ресен-2.

Починати се 26 лица, четворица пациенти од Скопје (69, 88, 83 и 60г), еден од Куманово (58г), еден од Штип (83г), четворица пациенти од Прилеп (66, 76,77 и 57г ) и четворица од Тетово (50, 67, 78 и 63г), еден пациент од Струга (82г), двајца од Велес (79 и 73г), двајца од Битола (72 и 84г), тројца пациенти од Охрид (57, 71 и 57г), еден од Гевгелија (87г), еден од Струмица (67г), еден од Кочани (70г) и еден пациент од Делчево (49г). Од нив, тројца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 39760, бројката на оздравени пациенти е 23035, на починати е 1136, а бројот на активни случаи изнесува 15589.

Направените 2667 теста се преку: ИЈЗ-1017, ЦЈЗ Скопје-68, Авицена-462, Биотек-254, МАНУ -214, Жан Митрев (Филип Втори) -170, Систина со PCR метода -319, лабораторија Лаор –70, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-64, Инфективна клиника-3, ГАК-0, Синлаб-26, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, Здравствен дом Скопје (рапид тест) -0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 271.599 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 161 пациент. На кислородна поддршка се 134 пациенти, еден пациент е на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 8 позитивни и 3 деца суспектни на Ковид-19 и 26 возрасни пациенти, позитивни и суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 8 приеми, а вкупно хоспитализирани се 79 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во Институтот за ТБЦ се хоспитализирани 56 пациенти, на клиниката за неврологија 19 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 71, а во болницата во Штип се 57 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Гевгелија, Кичево, Кавадарци се хоспитализирани 493 позитивни и сомнителни на Ковид-19.