11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претреси во Германија по нападот во Виена

Германската полиција спроведува акции, во рамките на кои се претресуваат станови и други простории. АФП објави дека акцијата е поврзана со терористичкиот напад во Виена.

Ден претходно германскиот министер за внатрешни работи ги предупреди пратениците во Бундестагот дека Германија е во голема опасноста од напади поврзани со радикални исламисти, како и дека има врска меѓу терористите од Виена и Германија.

Хорст Зехофер посочи дека само оваа година се забележани три терористички напади со исламистичко потекло во Германија, како и дека извршителот на нападот во Виена во понеделникот имал контакти со припадници на исламистичката сцена и во Германија.

„Преку случајот во Виена, ние исто така имаме врски со потенцијално опасни исламисти во Германија“, рече Зехофер, не наведувајќи детали.

Албанецот со потекло од С.Македонија, а роден во Австрија, Кујтим Фејзулаи, во понеделникот вечерта во терористички напад уби четири и рани повеќе од 20 лица во Виена.

Спонзорирано: