13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните умираат по пат до болница, а Филипче продолжува со портпаролска работа

Додека Филипче држи банални и бледи прес-конференции и си продолжува со портпаролска работа, граѓаните умираат дома или по пат до болница, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на денешното обраќање на министерот за здравство.

„Филипче ветуваше монтажни болници, за да денес граѓани се лекуваат сами по дома, по ходници и дворови на болниците.
Срамота, во 21 век граѓаните се третираат како робови, а преку ред се тестираат функционери“, нагласуваат од опозициската партија.

Според ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните се доведени во состојба ако сакаат да се тестираат од Ковид-19 да дадат пари по приватни лаборатории, а ако немаат пари да умираат, бидејќи во јавно здравство нема термини за тестирање.

Од таму порачуваат и дека колку повеќе Филипче седи на министерско место, толку повеќе штета ќе им биде нанесена на граѓаните.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се „грижат“ за граѓаните со поскапување на комуналните услуги

M T

СДСМ: Нервоза во ВМРО-ДПМНЕ, со деструкции во Собрание не се брани криминал

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ одработува за странски интереси кои не ѝ мислат добро на државата

M T

СДСМ: Има правда, време е парите што ВМРО-ДПМНЕ ги крадела да се вратат кај граѓаните

M T

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да ги продаде плочките од 100.000 евра од Белиот дворец и парите да ги врати кај граѓаните

M T