18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈА

Караџовски: 10-тина лица се починати на пат, влез или при хоспитализација на Инфективна – заболените доцна доаѓаат

На почетокот на епидемијата во Македонија често бев на релација Скопје, Тетово, Гостивар, Лабуништа и тогаш ги убедував луѓето дека во нашиот здравствен систем може да најдат само здравје.

„Се лечеа со надри лекари, беа убедени во тоа дека доколку дојдат Скопје ќе бидат поставени на респиратор и ќе починат. Дури и ме прашуваа кој ќе не лечи доколку бидеме хоспитализирани“, раскажуваше епидемиологот доктор Жарко Караџовски во интервју за МРТ.

Тој потенцираше дека најголем дел од заболените доцна доаѓаат, а 10-тина случаи починале на пат, влез или при самата хоспитализација на Инфективните одделенија.

Според анализите направени од страна на Комисијата, 20% од болните, борбата со вирусот ја губеле во првите три дена, додека пак 80% од починатите лица имале и други заболувања.

„Секој модерен човек над 55 години има коморбилитети“, рече Караџовски.

Спонзорирано: