13.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Германскиот министер за здравство има корона

Германскиот министерот за здравство, Јенс Шпан, по тестирањето, бил позитивен на коронавирусот, соопшти Министерството за здравство додавајќи дека Шпан итно се повлекол во домашна изолација.

40-годишниот Шпан почувствувал симптоми слични на настинка и бил подложен на тестирање, а за неговата состојба биле известени сите негови контакти, соопшти Министерството.

Стапката на инфекција со Ковид-19 во Германија е пониска отколку во поголемиот дел од Европа, но во последните денови се забрзува, а во саботата беше регистриран рекорден број од 7.830 заразени, според податоците од Институтот „Роберт Кох“.

Шпан ги повика Германците да ги почитуваат мерките за физичко растојание за да се задржи стапката на инфекција на ниво под контрола.