11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Претрес во домовите на француски официјални лица поради поплаки во врска со Ковид-19

Француската полиција изврши претрес во домовите на поранешниот премиер, сегашни и поранешни министри за здравство и други високи функционери.

Станува збор за истрага поради поплаки за реакцијата на владата на глобалната пандемија на коронавирусот.

Министерството за здравство ги потврди претресите, во кои беа вклучени и канцелариите на сегашниот министер за здравство, Оливие Веран.

Ова се случи еден ден откако францускиот претседател Емануел Макрон објави полициски час во Париз и во осум други француски града во обид да се справи со сè поголемиот број нови инфекции.

Специјален француски суд нареди истрага поради одговорот на владата на кризата предизвикана од коронавирусот.

Пациенти со Ковид-19, лекари, затворски персонал, полицајци и други во Франција поднеле дури 90 жалби во последните месеци, особено поради недостиг на маски и друга опрема.

Меѓу оние на кои им е извршен претрес во домот се поранешниот премиер Едуард Филип, сегашниот министер за здравство, Оливие Веран, неговата претходничка Агнес Бузин, врвниот здравствен службеник Жером Соломон и Сибет Ндијаје, поранешна портпаролка на владата.

Спонзорирано: