11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
СВЕТ

Повеќе од една година ја труела својата колешка, бидејќи се плашела од конкуренција

Вработена во агенција за осигурување од градот Браа во близина на Кунео, Италија, сипaла лекови во кафето на нејзината колешка повеќе од една година, со цел да ги намали нејзините работни способности, бидејќи се плашела од конкуренција.

Работничката, чие име не се открива, стравувајќи дека ќе остане без работа во случај на намалување на вработените во агенцијата, ја труела својата колешка со апчиња за спиење, но била фатена и осудена, а во текот на целиот процес ја негирала својата вина.

По извршените лекарски прегледи, жртвата утврдила дека нема симптоми кога е далеку од работното место, па се сомневала дека причината за нејзината состојба е на работа. Ги повикала карабинерите на помош, а тие со скриена камера и анализа на филџаните за кафе утврдиле дека нејзината колешка од работа редовно ја труела.

Обвинетата секој ден им носела кафе од блиското кафуле на своите колеги, а тоа го користела за да истура апчиња како бензодиазен во филџанот на нејзината ривалка, со цел да и предизвика дремливост, бавни рефлекси и други непријатности што влијаеле на нејзините работни способности.

Според весникот Ла Стампа, „трујачката“ била шокирана од пресудата и најавила жалба.

Спонзорирано: