10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Епидемиолошките ограничувања во Германија ќе останат и по воведувањето на вакцината

Секојдневниот живот ќе остане ограничен и по развивањето вакцина против коронавирусот, објави германскиот Институт „Роберт Кох“ (РКИ).

Иако ќе има барем една ефективна вакцина во 2021 година, одржувањето далечина, хигиенските правила, носењето маска, проветрувањето и преместувањето на слободните активности на отворено ќе останат во сила уште некое време, наведува берлинскиот институт.

Германија пријави 4.122 новоинфицирани од коронавирус, а со оглед на растечкиот број се зголемуваат повиците за единствени и лесно разбирливи правила во германскиот децентрализиран систем.

„Соочувајќи се со Ковид-19, потребни ни се привремени и регионално ограничени мерки приспособени на ризикот во следните неколку недели и месеци“, рече Лотар Вилер, претседателот на Институтот.

Спонзорирано: