8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

309.000 граѓани добија платежни картички во вредност од 26.8 милиони евра, сега се готви и четврт пакет мерки помош за граѓаните и стопанството

Владата предводена од СДСМ презеде и презема ефикасни и навремени мерки за полесно справување со економските последиците предизвикани од коронавирусот. Од самиот почеток на пандемијата, главниот фокус се најранливите граѓани кои и најмногу се погодени од кризата. СДСМ покажа дека се грижи за секој еден граѓанин, а истовремено креира и развојна економија со цел успешно справување со кризата, изјави Богданка Кузеска од СДСМ, на денешната прес конференција.

– Преку мерката “купувам домашно”, како дел од сетот економски мерки, вкупно се изработени и подигнати 309.000 картички во вредност од 26.8 милиони евра.

Од нив 16.5 милиони евра се наменети за 113.000 невработени граѓани и граѓани кои се приматели на социјална помош.

Преку 5.4 милиони евра за 111.000 вработени граѓани со ниски примања.

Над 4 милиони евра за 81.000 млади граѓани, како и преку 900.000 евра за 4.000 здравствени работници.

Токму оваа мерка го поддржа и помогна домашниот буџет на граѓаните, ја зголеми потрошувачката, како и работата и производството на домашните компании.

Преку мерката “Дома си е дома” Владата предводена од СДСМ додели ваучери за туризам на 117.000 граѓани во висина од 12 милиони евра, како директна помош за туризмот и угостителството како едно од најпогодените гранки.

СДСМ како одговорна партија останува посветена на креирање мерки што значат вистинска грижа за сите граѓани, обезбедуваат спас на работните места, како и помош и поддршка на компаниите во најпогодените сектори.

Во тек е подготовката на четвртиот пакет антикризни мерки којшто има за цел да обезбеди уште поголема поддршка и на работниците и на компаниите, рече Кузеска.

Можеби ќе ве интересира

Најнова вест: Се врши евакуација на зградите околу белата палата на ВМРО ДПМНЕ поради оставен сомнителен куфер

ДЕСК

Со мопед удрил во паркирано рено, младо момче повредено

ДЕСК

Министерот Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

ДЕСК