Во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Куманово–Скопје, кај Агино Село, животот го загубиле две лица од Скопје, на возраст од 49 и 71 година. Несреќата се случила при судир меѓу „мерцедес“ и „опел корса“, а една 48-годишна сопатничка се здобила со тешки повреди.
Повредени биле уште 28-годишна сопатничка и 27-годишниот возач на „опелот“, кои биле пренесени на скопските клиники. По наредба на јавен обвинител, 65-годишниот возач на „мерцедесот“ бил лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.


