Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ТРАГЕДИЈА НА ПАТОТ БИТОЛА–ПРИЛЕП: Загина 17-годишна девојка, три лица тешко повредени

На 19.09.2026 во 18:29 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Прилеп, кај место викано „Туланата“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел” со битолски регистарски ознаки, управувано од лице(28) од с.Канатларци, прилепско и патничко возило „форд” со битолски регистарски ознаки, управувано од лице(48) од с.Долно Српци, општина Могила. На местото на настанот починала 17-годишна сопатничка од возилото „опел“, а смрт констатирал доктор од Итна медицинска помош Битола.

Возачот на возилото „опел“, како и 44-годишната жена и седумгодишно дете од с.Долно Српци, сопатници во возилото „форд“ се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола, а со повреди се здобил и возачот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

Можеби ќе ве интересира

НОВ СУДСКИ РАЗВОЈ ЗА МОДУЛАРНАТА БОЛНИЦА: Предметот во Тетово повторно во фокусот

ДЕСК

УТРЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА БРВЕНИЦА: Вториот круг од изборите е закажан за 1 ноември

ДЕСК

ВЛАЖНИ КОЛОВОЗИ И ПОВЕЌЕ ПАТНИ РАБОТИ – АМСМ со важни информации за возачите

ДЕСК