14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

ЕУ воведе санкции за три компании за кршење на ембаргото за оружје во Либија

Европската унија во понеделникот воведе санкции за три компании, вклучително и Турција, вклучени во кршењето на ембаргото на ООН за Либија, а Турција веднаш ја осуди одлуката.

Покрај турската компанија Avrasya Shipping, санкционирани се уште две, јорданскиот Med Wave Shipping и казахстанскиот Sigma Airlines, се вели во соопштението на ЕУ, додавајќи дека двајца Либијци исто така биле санкционирани.

Одлуката претходно беше донесена на ниво на амбасадори, а вчера била одобрена од министрите за надворешни работи на состанокот во Брисел, соопштија дипломатите. Наведуваат дека се поднесени убедливи докази против санкционираните компании и поединци.

Нивните средства во ЕУ ќе бидат замрзнати и повеќе нема да можат да прават деловни активности со компании од ЕУ или да имаат пристап до европските финансиски пазари.

Одлуката покажува дека „ЕУ го користи стратешки режимот на санкции и е во состојба да одговори на ситуацијата на терен за да го поддржи политичкиот процес и да ги одврати минатите и сегашните извршители на нови престапи“, се вели во соопштението на ЕУ.

Турција веднаш ја осуди европската одлука.

„Во време кога се прават напори да се намалат тензиите на истокот на Средоземното море, носењето толку погрешна одлука е навистина жално“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи, додавајќи дека европската иницијатива „нема никаква вредност“ во нивните очи.

Во Либија за власт се борат владата на националното единство (ГНА) со седиште во Триполи, признаена од ООН, и генералот Калифа Хафтар, кој има контрола на истокот и дел на југот во земјата.

Спонзорирано: