17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Низа силни земјотреси го погодија Чиле

Два силни земјотреси во рок од половина час утрово го погодија пацифичкиот брег на Чиле, соопшти Геолошкиот институт на САД (USGS).

Според податоците, првиот земјотрес бил со јачина од 6,8 степени во 9 часот наутро (4 часот по Гринич), околу 80 километри северозападно од Валенар во северниот чилеански регион Атакама.

Дваесет минути подоцна бил регистриран втор потрес со јачина од 6,3 степени, оддалечен околу 2 километри, а набрзо по него следеле уште два земјотреси со јачина од 5,4 и 5,1 степени.

Чилеанските власти, пак, соопштија дека првиот земјотрес бил со јачина од 7,0 степени, а вториот 6,1 степени.

Засега не е издадено предупредување за цунами по земјотресот и нема извештаи за повредени.

Чилеанскиот брег лежи на пацифичкиот „огнен прстен“, кој се карактеризира со голема стапка на сеизмичка активност.

Спонзорирано: