20.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТ

Епидемијата во Германија не се смирува

Бројот на новозаразени лица во Германија во последните 24 часа е 1.218.

Бројот на заразени лица на дневна основа во претходните денови беше околу 1500, така што бројот не падна значително.

Во Германија досега има вкупно 243.599 потврдени случаи, објави Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Ројтерс пренесува дека уште четири пациенти со Ковид-19 починале во последните 24 часа, вкупно 9.302 од почетокот на пандемијата.