25.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Најнова вест: 7 починати од коронавирус и 89 новозаразени – еве каква е состојбата по градови

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1529 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-39, Куманово-10, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-1, Струга-3, Битола-1, Охрид-4, Кавадарци-3, Гостивар-2, Струмица-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Пехчево-1, Берово-3, Валандово-1, Делчево-2, Кичево-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 215 оздравени пациенти од: Скопје-72, Штип-18, Прилеп-2, Тетово-1, Струга-4, Битола-8, Охрид-1, Кавадарци-22, Гостивар-19, Гевгелија-3, Кочани-9, Пробиштип-1, Демир Хисар-8, Македонски Брод-13, Виница-5, Делчево-1, Свети Николе-13, Кичево-12, Ресен-1, Неготино-2.
Починати се 7 лица, тројца пациенти од Скопје (72г, 84г и 65г ), еден од Прилеп (65г), еден пациент од Тетово (62г), еден од Гостивар (74г) и еден пациент од Кичево (58г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14004, бројката на оздравени пациенти е 10722, на починати е 585, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2697.

Направените 1529 теста се преку: ИЈЗ-302, ЦЈЗ Скопје-25, Авицена-205, Биотек-249, МАНУ -81, Жан Митрев (Филип Втори)-258, Систина со PCR метода -287, лабораторија Лаор –69, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-32, Инфективна клиника-9, ГАК-12, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 143.687 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 54, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 18 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 7 позитивни деца, една мајка и едно дете суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4 нови, вкупно хоспитализирани се 37 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 15, а во болницата во Штип се хоспитализирани 45 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 107, позитивни и сомнителни на ковид-19.