14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Коронавирусот уништи цело семејство: Мајка, татко и двете ќерки починале за еден месец во Тексас, синот неутешен (ВИДЕО)

Мајка, татко и двете ќерки од Тексас починале од коронавирусот во рок од неполн месец.

Според „Метро“, најпрвин починала една од ќерките, Ангелка Баутиста (49), на 14 јули, потоа на 31 јули починала 70-годишната мајка. Само три дена подоцна, на 3-ти август починала и 37-годишната Марисол. На 11 јули починал и таткото, 75-годишниот Аблердо Баутиста.

„Се чинеше како татко ми да закрепнува од корона. Со него ситуацијата беше под контрола, но губењето на три сакани личности го одвлече на дно. На крајот почина и тој“ рекол Гери Баутиста, син, кој исто така имал коронавирус, како и неговата сопруга.

„Плачев цело време, а кога почина и татко ми тоа ме скрши. Беше страшен шок“ раскажал тој за локална телевизија.

Гери поради вирусот поминал во болница неколку денови, но брзо се оправил.

„Секој пат кога ќе се накаашлав имав чувство дека некој ми ги притиска белите дробови“ рекол тој.

„На сите заразените и починатите од коронавирусот им се само бројка, но тоа се живи суштества. Не треба да зборуваме само за броиките, треба да кажеме дека починатите биле нечии мајки, татковци, сестри, сопруги …“ додал Гери.

Спонзорирано: