Секогаш во средиштето на збиднувањата...

(Видео) “ОВА Е НАЦИОНАЛНА КАТАСТРОФА” Експлoзијата во Бејрут се случила во магацин за пиротехника, десет лица загинале

Најмалку десет лица загинале во експлозијата во Бејрут што, според најновите информации, се случила во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан.

Локалните медиуми пренесуваат дека силниот бран на експлозијата се почувствувал и до 10 километри од епицентарот на експлозијата.

Гувернерот на Бејрут, Филип Булос, инцидентот го нарекол најголема национална катастрофа што се случила во Либан.

„Ова е национална катастрофа. Во животот не сум видел поголема катастрофа. Не знам како ќе се справиме со ова. Мора да останеме силни и храбри“, рекол тој.

Експлозијата се случила во близина на куќата на поранешниот премиер на Либан Саад ал-Харири која претрпела голема материјална штета.

спонзорирано: