-5 C
Скопје
17. јануари 2021
Centar.mk – Дознај сѐ!
Свет

Во Црна Гора 60 нови случаи на коронавирус

Во Црна Гора се пријавени 60 нови случаи на коронавирус, а едно лице починало, соопшти тамошниот Институт за јавно здравје.

Во последните 24 часа тестирани се 465 лица, а најголем број од заболените се од Подгорица, Бијело Поле и Никшиќ.

Од почетокот на епидемијата во Црна Гора се потврдени 3.361 случај, а починале 53 лица, од кои 44 од почетокот на јуни.