Денеска ќе имаме уште поголем број на заразени со коронавирус, изјавил претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој е во посета на Бања Лука.
Белград и Нови Сад, тоа се, како што вели тој, жаришта на вирусот како последица на простестите. Тоа го знаевме и очекувавме, рече Вучиќ.
Се надевам дека ќе го надминеме овој најлош период пред крајот на оваа седмица.
-Очекувам до сабота да завршиме со доцнењето на резултатите од тестовите. Тестираме најмногу, девет пати повеќе од другите земји во регионот. А, ќе тестираме уште – рекол Вучиќ и додал дека очекува резултатите да стигнат за 24 часа.
„Ние ќе ја завршиме нашата работа, а останататото е на луѓето и нивната одговорност“, рекол Вучиќ и додал дека има две важни вести за граѓаните.
Првата е тоа дека Србија е во преговори со една земја која развива вакцина против коронавирусот и дека се надева дека таа вакцина ќе ја добие пред крајот на оваа година.
Друга е тоа дека нигде во светот не е лесна ситуацијата, но дека во Србија е полесна отколку било каде во Европа.
-Луѓето нека ги трошат парите слободни, бидејќи нема да недостасуваат ниту плати ниту пензии – рекол тој.