10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Во Бугарија заразени 202 лекари, 208 медицински сестри и стотина други вработени

Во Бугарија се регистрирани 330 нови случаи на коронавирус од 6.183 тестирани лица, а седуммина починале.

Во истиот период оздравеле 122 лица, објави бугарскиот национален портал за следење на коронавирусот.

Од почетокот на епидемијата, заразени се 9.584 лица, а во моментов има 4.620 активни случаи, пренесува БТА.

Во болниците има 642 пациенти, од кои 24 се на интензивна нега.

Заразени се 202 лекари, 208 медицински сестри и стотина други вработени во здравствените установи.

Спонзорирано: