12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТИЗБОР

Бил Гејтс: За имунизација, нема да биде доволна една доза вакцина против коронавирус

Како што стојат работите ќе биде потребна повеќе од една доза вакцина за имунизација против коронавирусот, а на повозрасните можеби и три, изјави за Си-би-ес, Бил Гејтс.

Основачот на „Мајкрософт“ кој со своите изјави за коронавирусот го крена светот на нозе и разгори теории на заговор, вели дека надежта дека една доза од вакцината ќе биде доволна постоела, но само на почетокот на епидемијата.

„Во овој момент се чини дека ниту една вакцина која се развива нема да биде доволна за заштита во една доза. Тоа беше надеж на самиот почеток. Можеби вакцините кои ќе бидат развиени подоцна ќе нè изненадат позитивно. Но, засега, како што стојат работите, не. Кога станува збор за повозрасните лица, тие можеби ќе треба да примат и повеќе од две дози“, рекол Гејтс.

Спонзорирано: