11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Pixabay
ТЕМАСВЕТ

Италијанец после мозочен удар проговори со словенски акцент- ова е трет таков случај во светот

Еден Италијанец после мозочен ударот прозборел со словенски акцент, иако никогаш не престеојувал во држави каде што се зборуца словенскиот јазик, ниту пак поседулав документи во таа земја.

Тој се опорави откако претрпе мозочен удар во десната хемисфера на мозокот пред три години и нема когнитивен дефицит, но зборува со странски акцент.

Тоа е прв случај во Италија, а трет во свет кој се однесува на удар во десната хемисфера.

Студија за случајот на 50-годишен Италијанец кој зборуваше со странски акцент по мозочен удар, тим на научници предводени од Константинос Прифтис од Универзитетот во Падова, објави списанието Кортекс.

Како што е наведено, анализата покажала дека „повредата на мозокот предизвикала промена на местото и начинот на артикулација на некои самогласки кај пациентот, што довело до перцепција на странски акцент“.

Во научната литература се опишани 115 случаи на „синдром на странски акцент“, а од 1800 година до денес само тројца пациенти претрпеле мозочен удар во десната хемисфера на мозокот и го развиле тој синдром.

Спонзорирано: