25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Во Србија 389 новoзаболени и 9 починати

Во изминатите 24 часа, 7.648 лица биле тестирани за коронавирус во Србија, од кои 389 се позитивни.

Во претходните 24 часа починаа уште 9 лица, со што се зголеми вкупниот број на смртни случаи од вирусот на 461.

Во моментов има 187 пациенти на респиратори, а 4.776 на болничко лекување.

Од почетокот на епидемијата, вкупно 542.136 лица биле тестирани за вирусот во Србија, а инфекцијата е потврдена кај 20.498 лица.