11.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Италијански доктор: 45 дена ги надгледувавме пациентите и дојдовме до нов податок за коронавирусот

Примариус доктор Алберто Зангрило кој работи во болница во Милано, вели дека коронавирусот и натаму е присутен, но повеќе не може да предизвика тешка клиничка слика во Италија, пренесува РТС. Тој на конференција зборувал за коронавирусот, за негово изборување со пандемијата, и за вакцина.

„Сарс-ков 2 е заразен вирус со кој ние мораме да научиме да живееме. Смртноста е десет пати поголема од грипот, но е многу мала од Сарс-1 кој е многу малку заразен. Ова е подомолен вирус кој и натаму малку го познаваме“, рече Зангрило кој напомена дека карантинот воведен во Италија се исплател.

„Бевме меѓу првите земји кои воведовме карантин, и тоа се исплатеше“, рече Зангрило.

Тој додаде дека сега вирусот не ридизвикува повеќе тешка клиничка слика, како што било во деновите кога Италија жестоко се бореше со него.

„Кога после месец и пол приметивме дека повеќе нема пациенти кои доаѓаат со типична слика за САРС: кашлица, температура, слабост… утврдивме дека вирусот повеќе не е во ситуација да придонесе за онаа тешка клиничка слика од претходно“, изјави Зангрило за РТС.