22.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Мистерија околу појавата на коронавирус кај 57 морнари

Аргентина се обидува да ја реши мистеријата за појава на инфекција со коронавирус кај 57 морнари по 35 дена поминати на море.

Коронавирусот се појавил и покрај фактот дека на тестирањето пред пловeње биле негативни.

Рибарскиот брод „Ечизен Мару“ се вратил во пристаништето откако дел од морнарите развиле симптоми кои одговараат на Ковид-19, објави Министерството за здравство.

Според министерството, 57 од 61 член на екипажот сега се позитивни за коронавирус.

Сите биле тестирани 14 дена пред пловењето, биле негативни и биле во карантин во хотел во градот Ушуаја сè додека не се качиле на бродот.

Само двајца морнари се негативни на вирусот, а резултатите се очекуваат за уште двајца членови на екипажот.

Двајца морнари биле хоспитализирани.

„Тешко е да се утврди како се заразиле бидејќи тие не биле во контакт со никого 35 дена и биле снабдувани со храна од пристаништето Усуаја“, вели епидемиологот Алехандра Алфаро во Тиера дел Фуего.

Тимот сега се обидува да ја утврди хронологијата на симптомите со цел да ја утврди хронологијата на инфекцијата.

Директорот на одделот за инфективни болести во болницата во Усуаја, Леандро Балаторе, вели дека инкубацијата од 35 дена сè уште не е опишана.

Бројот на заразени со Ковид-19 во Аргентина надмина 100.000, а починале повеќе од 1900 лица.Повеќето од заразените се во подрачјето на Буенос Аирес.

Спонзорирано: