Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вулин: Ова е обид за предизвикување на граѓанска војна

Министерот за одбрана Александар Вулин реагираше на насилните демонстрации во Белград.

„Насилните демонстрации во Белград имаа една цел, а тоа е државен удар и државата мора да одговори на адекватен начин“, рече Вулин, додавајќи дека силата на законот мора да го надмине насилството.

Во телефонска врска за ТВ Пинк, тој рече дека она што се случува вечерва во Белград, Нови Сад и другите градови во Србија, и што се случи вчера, е обид за испровоцирање на граѓанска војна.