16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Милошоски хоспитализиран на инфективна клиника

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски е хоспитализиран на скопската Инфективна клиника, дознава “Centar“.

Милошоски е примен денеска со покачена температура, а неговата состојба во моментов била стабилна.

Не се знае дали има врска целава ситуација со коронавирусот, но да потсетиме дека пред неколку дена неговата мајка која работела во болница објави дека е позитивна на опасниот вирус.

-„Денес околу 16 часот од домашна изолација бев примен на Инфективната клиника, заради повеќедневна покачена температура. Други симптоми немам, дишењето е добро, апетитот и расположението исто така. Вчерашниот тест покажа негативни резултати на КОВИД-19, но по препорака на специјалист од Инфективна клиника, денес направивме уште еден тест, чии резултати се очекуваат во текот на утрешниот ден“, пишува Милошоски.

Спонзорирано: