12.8 C
Скопје
17. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев до Мицкоски: Маиците за оваа кампања повторно ви се платени од Камчев или Груевски?

„Кажете ми маиците што се за оваа кампања се платени од Орце Камчев повторно? Или од Никола Груевски се парите? Дај кажете едноставно е.“- го праша Мицкоски, лидерот на СДСМ, Заев, при соочувањето на телевизија 24.

Прашањето е логично ако се следи фактот дека Камчев бил скриен финансиер на ВМРО ДПМНЕ. Тоа го потврдува самиот Мицкоски на аудио снимките кога му се доверува на Зоран Милевски Кичеец дека Камчев му давал пари з ада ги плати партиските сметки.

„Ова се ревизорските извештаи за партиите, никаде ги нема парите на Камчев и парите на Мијалков, оние пари за кои на снимката зборува Мицкоски. Каде ги пријавиле тие пари кои завршиле во ВМРО ДПМНЕ?“- му рече Заев на Мицкоски.

Ова не е прв пат да се појават нелегални пари кај ВМРО ДПМНЕ. За нивниот финансиски криминал има судски процеси под името Талир. А таков е и случајот со претседателската кампања на Силјановска Давкова која заврши со долг на партијата од 400 000 евра кон фирма која печатела маици, кои пак ги набавила од фирма на Камчев.