8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Мисовски: Очајна е ВМРО-ДПМНЕ ако мисли дека ќе постигне нешто со објава на вакви ПЕТАРДИ

Фејсбук Статус на Горан Мисовски од НСДП:

Очајна е ВМРО-ДПМНЕ ако мисли дека ќе постигне нешто со објава на вакви ПЕТАРДИ!

Особено после серијата аудио снимки на кои целата јавност слушна како Христијан Мицкоски зборува за земање пари за ВМРО-ДПМНЕ и активно рушење на Законот за ЈО за да падне предметот „Империја“, што е основна индиција за криминал и повик за одговорност.

Јас и НСДП како партија сме во коалиција со Зоран Заев и СДСМ долги години и нашата соработка е одлична, а потврда за тоа се и заедничките резултати. Токму оваа коалиција со таква принципиелна и успешна соработка донесе земјава да тргне напред, да го срушиме режимот, да станеме членка на НАТО, да добиеме преговори со ЕУ и економски да ја закрепнеме државата.

Ги боли тоа многу сите режимски слуги. Тие би сакале да не вратат назад. Нема назад, продолжуваме напред, заедно, сплотени, обединети, силни. На 15 јули доаѓа уште една голема победа на коалицијата „Можеме“ !