6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Тројца починати, еден ослепен во САД – се напиле од средство за дезинфекција

Најмалку три лица се починати во Ново Мексико, САД, а друго ослепело како последица на труење со хемикалијата метанол односно средство за дезинсфекција кое деновиве е општопознато за дезинфицирање на раце и го има на секоја маса по локалите и во Македонија.

Како што јавуваат медиумите во САД, уште три лица се борат за живот како последица на пиење на средството за дезинфекција.

Министерството за здравство на САД ја информираше јавноста дека се верува дека сите лица пиеле од средството за дезинфекција за раце кое соддржи метанол.

Во затворите во САД уште пред некое време беа повлечени сите средства за дезинфекција на раце, поради тоа што властите стравуваа дека затворениците ќе ги испијат. Инаку метанолот предизвикува смрт во некои случаи, но и мачнина, повраќање, слепило и тешка главоболка.

Спонзорирано: