18.8 C
Скопје
12. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Хрватски доктор тврди: Вирусот не слабее, сè друго е предизборен спин

Хрватскиот доктор Оливер Вугрек, молекуларен биолог во Институтот „Руѓер Бошковиќ“, кој го водеше тимот кој прв спроведе прва детална анализа на геномот на вирусот SARS-CoV-2 во Хрватска, смета дека изјавите за слабеење на вирусот во земјата во моментов не се научни и, како што вели тој, смислени се за целите на предизборната кампања.

Во Хрватска парламентарни избори треба да се одржат следниот месец, поточно на 5 јули.

„За да можеме да одговориме дали вирусот е ослабен, потребно е да се анализира геномот на вирусот на заразени лица, и тоа асимптоматски, што не е направено ниту во Хрватска, ниту во Србија. Затоа сметам дека немаме доволно докази кои се темелат на научно издржани факти“, вели Вугрек за „Јутарњи лист“.