Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон.

Ова се случувало во октомври, но деновиве до видео материјалот дошол таткото на нападнатото девојче, кој случајот го пријавил во МВР.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување, а засега нема информации за возраста на средношколките.

МВР во денешната хроника информираше за уште еден сличен случај на врсничко насилство што се одвивал пред два дена на подрачјето на општина Аеродром, а во близина на основно училиште. Според информациите од полицијата, малолетник бил физички нападнат од друг малолетник, соученик во училиштето. Полицијата го расчистува и овој случај./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +

Андоновски: Инвестирањето во технолошките паркови е инвестиција во идеи, талент и иднина

C +

Филипче: Мицкоски лаже, македонскиот јазик е признаен во ЕУ

C +