14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Скандал во Австрија: Поранешна канцеларка фатена пијана зад воланот

Поранешната австриска канцеларка и поранешна претседателка на Високиот суд, Бригите Бирлајн, остана без возачка дозвола бидејќи возела под дејство на алкохол.

Според австриските медиуми, во текот на вечерта помината во ресторан таа испила повеќе алкохолни пијалаци, но и покрај тоа седнала зад воланот и тргнала кон дома.

Некаде пред полноќ Бригите Бирлајн беше запрена од полицијата, а тестот за алкохол покажал дека во крвта има 0,9 промили алкохол, поради што ѝ била одземена возачката дозвола, а ја очекува и висока парична казна.

„Многу ми е жал што, по вечерта помината со пријателите, и покрај тоа што пиев алкохол, седнав во автомобилот. За време на контролата ми беше установена алкохолизираност од повеќе од 0,8 промили. Моето однесување не одговара на функцијата за пример. Искрено ми е жал“, рече Бирлајн.

Како прва канцеларка во историјата на повоената Австрија, таа управуваше со земјата суверено, седум месеци по корупцискиот скандал „Ибица“ и падот на владата, без скандали и грешки.

Спонзорирано: