12.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Коронавирусот во Милано бил присутен уште во декември

Траги од вирусот Ковид-19 во отпадните води на Милано и Торино во северна Италија имало уште во декември, според студијата на италијанскиот Висок институт за здравство.

Институтот спровел анализа на отпадните води собрани од периодот пред официјалното појавување на коронавирусот во Италија, каде што беше утврден првиот официјален случај на 21 февруари во Кодоњо.

Резултатите од истражувањето на италијанскиот институт се во согласност со анализата на примероци на болнички пациенти во соседна Франција, со која е утврдено дека позитивните случаи на вирусот Ковид-19 датираат од декември.

Со повеќе од 34.000 жртви на вирусот Ковид-19, Италија е една од земјите што се најтешко погодени од пандемијата.

Спонзорирано: