14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицијата во Франција протестира против забраната на зафатот на задушување

Француската полиција протестира во голем број градови против владината забрана на зафатот на задушување, техника на физичко спречување за ограничување на движењето на едно лице, а владата ја донесе одлуката како одговор на гневот на јавноста за смртта на Џорџ Флојд во САД и наводната полициска бруталност во Франција.

Во Париз полицајците паркирале десетици службени возила кај Триумфалната порта и потоа поминале низ Елисејските Полиња. На едното комбе имало плакат со порака „Нема полиција, нема мир“, а на друго имало фотографија со сцени на повреди зобиени од полицајците за време на нивните должности со прашањето „Кој кого масакрира?“

Протестите беа организирани по состанокот на претставниците на полициските синдикати и министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастанер, свикан за да се обиде да го смири гневот кај полицајците поради владините мерки.

Претставниците на синдикатот му пренеле порака на министерот дека постапката на задушување, всушност, спасува животи и дека полицајците мора да ја имаат на располагање оваа техника сè додека не се најде соодветна алтернатива, изјави Фабиен Ванхемелрик од Националното полициско здружение по состанокот.

Спонзорирано: