14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Египет подготвен повторно да ги прими туристите во своите одморалишта

Египет го прекина воздушниот сообраќај во март, а туристичките места беа целосно затворени за посетителите. Сепак, со смирувањето на епидемиолошката состојба, оваа земја е подготвена повторно да ги прими своите туристи.

Во Египет, хотелите полека се отвораат, пред се за домашните туристи, но со строго почитување на правилата за безбедност.

Хотелите ќе можат да работат со капацитет од само 50 отсто. Дезинфицирани се сите археолошки места, а исчистени се и плажите.

„Работиме на тоа туристите од целиот свет да ја пронајдат оваа дестинација во примерни санитарни услови. Чекаме да се израмни нашата крива. Условите за меѓународен туризам ќе бидат објавени во наредните денови. Сè што сакаме е да се осигураме дека туристите нема да се соочуваат со проблеми кога ќе се отвориме“, изјавија официјални лица за АФП.

Одморалиштата на Црвеното Море, вклучувајќи ги Јужен Синај, Шарм ел-Шеик и Дахабм, ќе бидат првите што ќе се отворат заедно со медитеранските плажи западно од крајбрежниот град Александрија.

Големите туристички атракции, како што се пирамидите на Гиза и храмот Луксор, ќе бидат повторно отворени за туристите, но ќе се спроведуваат контроли. На пример, ќе можат да влезат максимум 10 лица во гробницата на Тутанкамон.

Во Египет, 39.726 луѓе биле заразени со вирусот од почетокот на епидемијата на корона, додека 1.342 лица починале како резултат на инфекцијата. Во последните две недели, бројот на нови случаи на „Ковид-19“ во оваа земја со околу 100 милиони жители надминува илјада.

Спонзорирано: