14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Над два милиона Американци заразени со Ковид-19

Во САД регистрирани се над два милиона лица заразени со коронавирус, а во 21 американска сојузна држава расте бројот на новозаболени.

Како што објави „Њујорк тајмс“, состојбата, генерално, е подобрена во државите што најмногу беа погодени, како што е Њујорк, но се појавија нови жаришта.

Така, во Аризона за еден ден регистрирани се 1.556 новозаразени лица.

Најголем пораст на заболени од Ковид-19 има во Мисисипи, Јужна Каролина, Арканзас, на Флорида и во други сојузни држави.