18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

(Видео) Полскиот претседател сними рап-песна за да им помогне на медицинските работници

Полскиот претседател Анджеј Дуда сними рап-песна како дел од предизвикот за собирање средства за медицинските работници кои се борат против коронавирусот, покажува видеото објавено на интернет.

https://www.youtube.com/watch?v=4_-ycAeCZCA&feature=emb_title

Претседателот учествуваше во предизвикот „Hot16challenge“ инициран од полски рапери, кој се состои од пишување и снимање на 16 рап-стихови во ритам по избор и уплаќање пари за да им се помогне на медицинските работници кои се борат против коронавирусот.

Полскиот претседател, кој сака да освои втор мандат, не сакаше да открие кој е авторот на стиховите што ги избра.

Дуда го номинираше и премиерот Матеус Моравјецки за предизвикот.

Иницијативата, во која учествуваа неколку уметници, како и полскиот правобранител Адам Боднар, досега собра повеќе од 220.000 евра.

Спонзорирано: