Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Од денеска се отвораат моловите и обложувачниците

Од денеска ќе почнат со работа моловите, но со скратено работно време, а обврзани се да одржуваат ред и да го ограничат бројот на посетители.

Угостителските објекти во трговските центри ќе може да работат само со шалтерски систем и достава. Моловите ќе мора да се дезинфицираат, а со работа од денеска почнуваат и спортските обложувачници и други обложувачници со шалтер.

„Се дозволува отворање на моловите со почитување на строгите правила за спречување на ширењето на Ковид-19. Во моловите и натаму нема да биде дозволено да се примаат гости во рестораните и кафулињата, освен преку шалтер или достава. Протоколот предвидува ограничено скратено работно време, од 10 до 18 часот, со исклучок в недела кога тие ќе бидат затворени. Остануваат сите мерки за заштита, кои предвидуваат задолжително регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице за да не се дозволи групирање луѓе во ходниците, опрема за лична заштита, како и дезинфекција на моловите“, најави вчера техничкиот премиер, Оливер Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

ДЕСК