14.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Полицајци смртно претепале човек што им се заканил дека ќе ги сними додека играат фудбал

Двајца полицајци во Мозамбик ќе бидат обвинети кога до смрт претепале човек што се заканил дека ќе ги сними како играат фудбал.

Абдул Разак (44) во неделата се соочил со полицајците во градот Беира предупредувајќи ги дека не ги почитуваат мерките за социјална оддалеченост воведени како превенција од коронавирусот.

Според извештајот на приватната телевизија СТВ, истите полицајци претходно растерале млади момчиња, кои се собрале да изиграат партија фудбал, јавува Би-би-си.

Портпаролот на полицијата, Орландо Мудуман, рече дека двајцата полицајци се во притвор и дека ќе одговораат за своите постапки.

„Полицијата ќе му ја обезбеди на семејството на починатиот потребната поддршка во согласност со законот“, рече портпаролот.

Во оваа јужноафриканска земја во моментот се регистрирани 41 случај на Ковид-19.

Спонзорирано: