17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Глоуб“: Кралицата му наложи на Чарлс да се разведе од Камила

Принцот Чарлс и неговата сопруга Камила набргу ќе ја прослават 15-годишнината од бракот, кој е стабилен и среќен, барем надворешно. Но, таблоидот „Глоуб“ пишува дека работите не се како што изгледаат. Споменатиот таблоид истакнува дека во нивниот брак се вмешала кралицата Елизабета, која сака син ѝ да се разведе од Камила.

Британските медиуми пишуваат дека кралицата го изгубила трпението на стари денови, а Камила никогаш не ја сакала, па затоа сега сака Чарлс да ја остави по секоја цена.

„Елизабета сака да се ослободи од сите семејни скандали пред да умре, а врската на нејзиниот син со Камила, со која, наводно, бил во тајна врска со години, сигурно била и останува контроверзна“, рече извор од кралскиот двор, кој додава дека војвотката од Корнвол нема да се предаде без борба.

„Во случај на развод, таа ќе бара отштета од 180 милиони фунти“, открива изворот. „Камила исто така рече дека во овој случај ќе бара сите детали за разводот да бидат достапни за јавноста, што е нешто што круната сака да го избегне по секоја цена“, додава изворот.

Спонзорирано: