17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Џонсон следната недела се враќа на работа

Британскиот премиер, Борис Џонсон, планира да се врати на своите државнички должности веќе в понеделник, објави лондонски „Телеграф“.

Според „Ројтерс“, Џонсон им кажал на своите соработници да закажат седница со министрите следната недела, бидејќи тој сака да го надомести времето поминато во закрепнување од Ковид-19.

Џонсон беше пуштен од болницата „Св. Томас“ во Лондон на 12 април, каде беше примен на 5 април, откако беше откриено дека е заразен со коронавирус.

Британскиот премиер првично имаше поблаги симптоми на болеста, но неговата состојба се влоши во болницата и тој помина три дена на интензивна нега.