20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Колку Николов се грижел за здравството покажува тоа што заминува како економски промотор, вирус на деструкција е присутен во ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение на СДСМ кое го пренесуваме интегрално:

Во време на најголемата здравствена криза, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметено само по очајни обиди за ширење на неоснована паника и вознемиреност меѓу граѓаните.

Лагите на ВМРО-ДПМНЕ се и официјално демантирани од страна на Министерството за здравство кое соопшти дека заштитна опрема и средства за дезинфекција за здравствените работници има доволно, а во тек е набавка и на дополнителни колични.

Но тоа не ги спречува ВМРО-ДПМНЕ овојпат преку Игор Николов, да шири лажни вести и манипулации.

Колку Игор Николов е загрижен за здравството најдобро покажува тоа што тој ја напуштил позицијата во Клиниката за нефрологија и станал економски промотор во Франција без никакво искуство во областа на економијата и маркетингот.

Зошто Игор Николов по само неколку месеци ангажман како раководител на Одделот за трансплатација на Клиниката за нефрологија, наместо да му помага на јавното здравство, ја напуштил оваа функција за да со целото свое семејство замине за Париз

Колкава количина на заштитна опрема можеле да се набават со парите кои се потрошиле за Николов и за престојот на целото негово семејство во Париз? Колку и какви инвестиции донесе Николов додека се шетал по Франција пратен од неговиот шеф Никола Груевски?

Состојбата со коронавирусот се држи под контрола, но тоа не е случај со вирусот на деструкција и лицемерие присутен а денес и силно видлив во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ.