20.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Шест дена поминав на респиратор, ме спаси, но мојот живот повеќе не е ист

Пациентот Дејвид Лат го откри своето искуство од борбата со коронавирусот

Респираторот стана неизоставна медицинска опрена во сите држави кои се борат против коронавирусот. Па така овој апарат, кој механички им помага на пациентите да дишат, постигна светска слава за време на пандемијата на вирусот Ковид – 19. Многу пациенти со тешка клиничка слика имаат тешки воспаленија на белите дробиви и нивниот живот зависи од респираторите, пренесува Вашингтон пост.

Пациентот Дејвид Лат бил во критична состојба, а сето време се лекувал на одделението за интензивна нега во една њујоршка болница. Поминал шест дена на респиратор и без овој апарат денес не би бил жив. Тој во разговор со странските медиуми ги откри деталите на својата болест, како и процесот на опоравување.

Како што раскажува, на 16 март бил сместен во болница, кога лекарите му потврдиле дека е заразен од корона. Претходно имал симптоми како од настинка, грозница, болки во телото и умор. Меѓутоа, Дејвид како дете поледувал од астма, па сега имал отежнато дишење.


Неколку дена поминал во болница, состојбата му била стабилна и примал дополнителна количина на медицински кислород. Меѓутоа, на 20 март здравјето нагло му се злошило, а лекарите имале две опции – да го интубираат или да го стават на респиратори.

„Следните шест дена воглавно спиев, под седативи, респиратор ми служеше како бели дробови. Не се сеќавам на ништо од овој период. На крајот моите лекари се соочија со изброот: да ми го тргнат респираторот и да видат дали можам самостојно да дишам или да ми направат трахеотомија. По спроведувањето на тестовите за проценка на мојата способност за дишење, лекарите одлучија да ми го тргнат респираторот, а со помош на дополнителен кислород можев повторно самостојно да дишам“ – раскажа Дејвид.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10102734459997044&set=a.616315356924&type=3

Иако е презадоволен од успехот на лекарите и потполно излечен од Ковид – 19, тој вели дека неговиот живот повеќе не е ист.

„Сите кои имаат среќа да оздрават по респираторите, повеќе немаат ист живот. Многу пациенти на кои им се исклучени респираторите трпат долготрајни физички, ментални и емоционални проблеми, вклучувајќи го губењето на работата и психолошките прашања, како што се депресија и пост – трауматско стресно пореметување. Моите бели дробови мораат да го обноват својот капацитет. Останувам без воздух дури и кога ќе направам благ напор, а некогаш трчав маратони. Кога се туширам, правам пауза за да седнам на пластично столче кое ми е ставено во кадата. Респираторот ми ги оштети гласните жици, сега гласот ми е неверојатно рапав, иако лекарите кажаа дека тоа нема да биде трајно и дека ќе се опоравам. Времето ќе покаже. Неверојатно сум благодарен што сум жив. И за тоа, морам да се заблагодарам на респираторот“ – искрено раскажа некогашниот пациент.