8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Италија ја укинува блокадата во два чекора, првиот е по Велигден, вториот од 4 мај

Првиот чекор кон укинување на блокадата во Италија по Велигден ќе биде постепеното започнување со производствени активности, а вториот, што се очекува да се случи на 4 мај, се однесува на измените во мерките за ограничување на движењето на жителите на таа земја.

Постепеноста и претпазливоста се од најголемо значење кога станува збор за укинување на општите карантински мерки воведени од страна на Италија за да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19, се согласи италијанскиот премиер Џузепе Конте со експерти на состанок за блокадата која ќе биде на сила до 16 април.

Важно е да се избегне собирање луѓе за римокатолички Велигден на 12 април, потоа со Денот на ослободување на Италија, 25 Април, и Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Првиот чекор по 13 април, римокатолички велигденски понеделник, се однесува на постепено започнување со производствени активности, а вториот од 4 мај се однесува на промена на мерките за движење и излегување од изолација, сепак, датумите на следните чекори не се строго утврдени и зависат од податоците од наредните денови за напредокот во борбата против вирусот Ковид-19.

„Мораме да бидеме многу внимателни со втората фаза, ако направиме грешка ќе мора да се вратиме на блокадата и да започнеме одново“, рече министерот за надворешни работи на Италија, Луиџи Ди Мајо.